Стрип! Шо мислиш бе само ти можеш да имаш женска! Хахахаха!
Фчерашни новости С2 Епизода 27
„Фчерашни новости“ и оваа недела на „Телма“ не однесе чекор зад сите. Ова се работите што последни ги дознавме во епизодата 27 од втората сезона:
• Eксклузивно: Камерите на „Фчерашни новости“ снимија полициска акција
• Дознаваме и како премиерската вила се подготвува за новиот станар
• Анализа: Koј е најголем Албанец?
• Што се случува на преговарачката маса за новата Влада?
• Обилните врнежи донесоа и нов тренд на македонските улици
Новата епизода веќе се подготвува. Гледајте ги новите „Фчерашни“ оваа недела, 4 јуни, 19:10 часот на „Телма“.
Летни коктели за совршено освежување
Коктелот е популарен летен пијалак кој овозможува повеќекратно уживање, освежување, опуштање, витаминска или кофеинска „инфузија“. Различните бои и вкусови како и атрактивниот начин на подготовка и сервирање ја зачинува понудата на Sky bar во Hotel Russia & spa.
Со оглед на големата побарувачка на овие чудесни и за око атрактивни пијалаци во текот на летната сезона, во Sky bar се погрижија менито со коктели да содржи по нешто за секој нивен гостин. И не сите коктели се алкохолни! По напорниот работен ден, потполно исцрпени и по малку нервозни, размислувате што би можело да Ве опушти… Што велите на коктел во Sky bar?
Летото е време на одмор, љубов и уживање. Добар коктел ќе направи да се чувствувате како секој ден во годината да е лето. За резервации јавете се на 071 235 815.
Еве што ќе гледаме во 28. епизода на „Фчерашни Новости“
Неверојатно откритие: После Земјата, откриено е дека рамна плоча е и Македонија. Скандалозно: Познатиот водител Кузман уловен во прегратките на жена.
Ова се само дел од работите што нема да ги гледате во неделното издание на „Фчерашни новости“. Место нив, екипата подготви 30 минути со најзначајните вести неделава, претставени од нивен агол.
Што се подготвија Бранко и неговата екипа, останува да погледнете оваа недела, 19:10 часот на Телма.
Овие два знака од зодијакот утре ги очекува ненадеен прилив на пари
Два знака од зодијакот утре ќе имаат помал финансиски прилив.
Јарец: Многу сте ангажирани, но чувствувате несигурност во однос на задачите кои се поставени пред вас. Ако имате сопствен бизнис, искористете го ова време за нови зделки. Не правете планови за некое идно време туку почнете веднаш да дејствувате. Постои можност за хонорарна работа, која ќе ви ги подобри финансиите.
Водолија: На некои проблеми им се гледа крајот, но голем дел ви остануваат. Вие би сакале да ги подбутнете работите и конечно да се опуштите. Меѓутоа, ништо не оди онака како што сте замислиле. Денес е можна помош од една личност која многу ве цени и која забележува со што се соочувате. Финансиите ви се зголемуваат, и се обидувате да извлечете максимум од она што ви е дадено.
Проблемите со партнерот се зад вас, но не успивајте се. Комплицираниот период кој го имавте, би требало да ве научи како да постапувате во иднина.
КАМО ДА СЕ СИТЕ ВАКВИ: Министерката „Едита“ објави селфи под бел чаршаф (ФОТО)
Пејачката на групата „Министерки“ не престанува да ги збудалува мажите. Едита на социјалните мрежи објави провокативна фотографија од спалната соба. На неа згодната „министерка“ има само бел чаршаф од кој ѕирка нејзиното згодно тело.
Уживајте во глетката.
Се сеќавате на Онур и Шехерзад од серијата „1001 ноќ“? Видете го нивниот прекрасен син!
Неа ја запознавме како Шехерзад и ја сакавме низ секоја следна серија во која глумеше. Тој пак, беше Онур, љубовта на убавицата Шехерзад, а султанот Сулејман Величествениот вечно ќе го идентификувавме со него, и тоа не само ние, туку и поголемиот дел од светот.
Бергузар Корел и Халит Ерген се запознаа на снимањето на серијата „1001 ноќ“ пред скоро седум години, се засакаа и сега го имаат малиот Али, кој е прекрасна мешавина на двајцата убави актери.













Стрип! Не умри магаре до зелена трева!
Во ЕУ велат само уште …
„Фчерашни новости“ епизода 28 (ВИДЕО)
Вчерашната епизода на „Фчерашни новости“ веќе е достапна на „Јутјуб“. Еве што донесоа оваа недела момците и девојките од екипата на најгледаната забавна емисија кај нас:
- Фчерашни открива: Која е најновата мерка на Владата што ќе го олесни работењето на тенкото парламентарно мнозинство
- Ексклузивно: Дознајте кого ќе може да облечете со најновата мобилна апликација
- Откриваме: За каква кадровска политика се реши ДУИ
- Сторија: Татко направи сѐ за на децата да не им биде одземено основното човеково право – да полагаат екстерно
Во тек е снимањето на епизода 29, со која ќе се дружиме во недела, од 19:10 часот на „Телма“. Дотогаш останете така.
Шок во „Се или нешто”–цело студио се фати за глава по понудата на банкарот
Мајката на пет деца од Куманово, Фросина, која беше натпреварувачка во квизот кој е хит на Сител, Се или нешто, дома си отиде со 44.000 денари, а можеше да биде една од натпреварувачките кои ќе си заминат со огромна сума.
Откако ја прифати понудата, таа одигра две сини рунди и го остави милионот до крај, а понудата на банкарот беше 350.000 денари. Потоа ја пропушти и кутијата со број 23 која имаше бонус.
Ова е една од натпреварувачките кои имаа среќа, но немаа храброст да одат до крај.
Еве што ќе гледаме во 29. епизода на „Фчерашни Новости“
„Фчерашни новости“ и оваа недела ќе ве дружат на „Телма“. Еве што ќе гледате во епизодата 29 од втората сезона на најгледаната забавна емисија во македонскиот етер:
- Фчерашни пред СЈО: Што прави таму група на граѓани?
- Фчерашни упаѓаат во Влада откако оградата е тргната
- Ќе ги гледаме Јована и Петар, за Лешник не е баш сигурно
Она што е сигурно е дека „Фчерашни новости“ инеделава може да ги гледате во 19:10 часот на „Телма“. Останете така!
Фчерашни новости С2 Епизода 29
Втората сезона на „Фчерашни новости“ е пред самиот крај. Последната епизода на најгледаната забавна емисија ќе може да ја погледнете оваа недела, во 19:10 часот на „Телма“.
Дотогаш, епизодата 29 веќе може да се погледне и на „Јутјуб“. А во неа:
- Eкипата на Фчерашни открива: Како помина првата седница на новата Влада?
- Што прават Фчерашни пред СЈО?
- За која тема се крена најмногу галама минатата недела?
- Уредниците прашуваат – политички експерт одговара!
Не заборавајте: Последната 30 епизода на „Фчерашни новости“ за оваа сезона во недела на Телма!
„Ме врза, тепаше и силуваше“ – Зерина се отвори за ужасот кој го претрпе
Пред неколку дена Зерина ги шокираше сите во „Парови“, со признанието дека била претепана и понижувана, а сега откри и дека тогаш била силувана и малтретирана на најлош можен начин.
За време на испитувањето на полиграф, Зерина ја отвори душата и раскажа низ каков пекол минувала.
„Да. Се случи тоа што се случи, не сакав самата себе си да си признаа, го потиснував тоа во мене. Едноставно се правев како ништо да не се случило. Не зборував со никого за тоа. Ја познавав личноста која тоа ми го направи. Тоа е многу понижувачки за една жена. На почеток се бранев, но повеќе немав сила. Тоа се случи во станот на таа личност, откако излезе на кратко, по што се врати како ништо да не се случило“, низ солзи раскажува Зерина Хечо.
Наплаканата Босанка, потоа објасни како настанале вознемирувачките слики кои се појавиле во поедини медиуми.
„Таа фотка настанаа после тоа, бев и претепана. Чувствувам како да сум сега гола и да морам да стојам тука, а не сакам. Ми се гади, но и јас се гадам од самата себе. Физички не можев да одам и да го пријавам. Имав повреди по ребрата, нозете, рацете, бев цела со модрици. Најмногу ме болеше лицето и ребрата. На крајот бев врзана за нозете, затоа што се опирав“, изјави Зерина која на крајот призна зошто силувачот никогаш не го пријавил во полиција.
„Не ја пријавив таа личност, не сакав да зборувам за тоа, да не доаѓам до таков вид на конфликт со личност затоа што таа личност е присутна во мојот живот. Неговата реакција беше страшна во најмала рака. Секогаш има повеќе сила“, заклучи Зерина.
Еве што ќе гледаме во 30. епизода на „Фчерашни Новости“
Со 30-тата епизода од овој циклус, а 42-ра вкупно, во недела завршува втората сезона на „Фчерашни новости“. Еве што подготви екипата:
Партијата на неопределените и нејзиниот лидер Климе Охридски, новите хитови „Хелоу, Зоки“ и „Македонијо, како си“, Ланчо Пашазотов, Кузман Статива, Слободанка Лешник, Мартин Најтинајн, Блажо, Миле Паника, се само дел од работите кои ја обележаа втората сезона на хумористично-сатиричната емисија.
Младата екипа собрана од страна на Бранко Огњановски, за брзо стана најдобрата забавна телевизиска емисија – титула која ја добија на „Златна бубамара на популарноста“ и која секоја недела одново им ја доделуваше и задоволната публика.
Затоа, оваа недела повторно вклучете се на „Телма“ во 19:10 часот и за погледнете ја последната епизода од оваа сезона на „Фчерашни новости“.
Стрип! Судија вс. Проститутка! Хахахаха!
Стрип! Судија вс. Проститутка! Хахахаха!
Слушај женска ја у животов никогаш …
Стрип! Доста беше тргни ги прстите! Хахахаха!
Стрип! Доста беше тргни ги прстите! Хахахаха!
Или …
Моментот кога принцот на Црна Гора и Македонија ја „направил“ Памела Андерсон грофица (ФОТО)
Биди маж па вози низ Скопје покрај ваква убава девојка (ФОТО)

Кога најубавата жена во Југославија загинала бебето било со неа –денес нејзината ќерка е вистинска убавица
На 15. август 2000 година цела Југославија беше во солзи. Веста дека најубавата актерка Ена Беговиќ загинала во сообраќајна несреќа била шок за целиот Балкан. Во автомобилот биле и едномесечната ќерка на Ена, Лана и нејзината мајка Тереза и двете преживеале.
Несреќата се случила во Брач и јавноста ја окарактеризирала како бизарна.
Денес, 17-годишната Лана изгледа целосно како нејзината мајка. Лана е навистина неверојатно убава. Погледнете ги нејзините фотографии:




House и techno забава на 30ти јуни за сите клабери ќе се одржи на Средно Водно
Nicole Moudaber, Better Lost Than Stupid и Denis Cruz се имињата кои ќе бидат на големата забава на 30ти јуни, на Средно Водно во Скопје, како дел од уште една Win Music Freedom приказна.
Win Music Freedom се труди да создаде забава над вашите очекувања. Вашата доверба е главниот мотивирачки лифт кој високо го крева ентузијазмот и сите во тимот го чувствуваат за следната забава. Имињата кои се претставуваат ќе имате можност да чуете нов и светски актуелен звук.
Win Music Freedom со вас љубителите на електронската музика веќе имаат изградено нераскинлива врска. Токму вашиот ентузијазам е повторно мотив да ги надминеме сите очекувања. Од тие причини решија да ве запознаат со имиња кои во моментов се глобално популарни со својот нов и свеж house и techno звук.