Кристијан Ристески тргнува по стапките на својот вујко Тоше Проески.
Талентот и желбата за пеење како наследство му останаа нему.
Внукот на Тоше Проески, од следниот месец ќе студира на ЕСРА, Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје, на отсекот интерпретација на популарна музика, а ќе изучува и музичка продукција.
Тој сега има 18 години, свири гитара и тапани, а ќе снима во Лондон кај популарниот композитор Енди Рајт со кого соработуваше и Тоше.
За потсетување Кристијан е внук од сестра на нашиот непрежален Тоше Проески.
Му посакуваме успешна музичка кариера на Кристијан и да ја достигне славата на неговиот вујко.