Quantcast
Channel: Забава – Turlitava.com
Viewing all articles
Browse latest Browse all 505

Фчерашни новости С2 Епизода 30

$
0
0

Со 30-тата епизода од овој циклус, а 42-ра вкупно, во недела завршува втората сезона на „Фчерашни новости“. Еве што подготви екипата:

Партијата на неопределените и нејзиниот лидер Климе Охридски, новите хитови „Хелоу, Зоки“ и „Македонијо, како си“, Ланчо Пашазотов, Кузман Статива, Слободанка Лешник, Мартин Најтинајн, Блажо, Миле Паника, се само дел од работите кои ја обележаа втората сезона на хумористично-сатиричната емисија.

Младата екипа собрана од страна на Бранко Огњановски, за брзо стана најдобрата забавна телевизиска емисија – титула која ја добија на „Златна бубамара на популарноста“ и која секоја недела одново им ја доделуваше и задоволната публика.

Затоа, оваа недела повторно вклучете се на „Телма“ во 19:10 часот и за погледнете ја последната епизода од оваа сезона на „Фчерашни новости“.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 505

Trending Articles