Quantcast
Channel: Забава – Turlitava.com
Viewing all articles
Browse latest Browse all 505

Порно ѕвезди ги открија најлошите искуства со фановите: „Ми нудеше 1000 долари за…”

$
0
0
Вашите чудни мејлови и пошта не се ништо наспроти пораките кои ги добиваат порно ѕвездите!

Порно индустријата цвета откако е измислена камерата. Во денешно време, таа е една од најбогатите гранки на филмската индустрија, а нејзините ѕвезди се многу познати и обожувани.

Познатата порно компанија „Wood Rocket” го започна каналот на Јутјуб „Прашајте ги порно ѕвездите“, каде што тие навистина одговараат на прашања од социјалните мрежи и зборуваат за искуствата со фановите.

А, тие искуства се секакви…

На една порно актерка фан ѝ понудил 1000 долари за да му го отсече пенисот, пишува „Huffington Post”.

Порно ѕвездата Август Ајмс добивала многу мејлови и пошта од еден фан кој на крајот почнал да ѝ испраќа облека и подароци, а во еден од пакетите пристигнал пекач за сендвичи и колачи.

Секако, фановите на порно ѕвездите во своите обиди да им покажат воодушевување, знаат да ги „накитат со атрибути“ за кои не може да се каже дали се навреда или комплимент, или едното и другото.

Актерката Амбер Ајви добила „комплимент“ дека е „повраќаница на кит која кристализирана плови во океанот илјада години“. Под ова, овој вицкаст фан веројатно мислел на миризливата супстанца која китовите ја исфрлаат и која плови во океанот. Таа се нарекува амбра и има многу убав мирис и се користи како основа за многу скапи парфеми, а морепловците кои ја собираат од океаните се „дебело“ платени за тоа. Но, Амбер сè уште се двоуми дали тоа било комплимент или не…

loading...


Viewing all articles
Browse latest Browse all 505

Trending Articles